Русинка го убила својот единаесетгодишен син, па го исекла на парчиња бидејќи ѝ го блокирал пристапот до интернет, јавуваат руските полициски служби.
Според истрагата, 34-годишната жителка на Уфа, главниот град на руската Република Башкортостан, не успеала да се поврзе на интернет преку компјутерот на својот син бидејќи тој ги променил приспособувањата без да ѝ каже. Жената го казнила синот претепувајќи го до смрт. По смртта мајката го исекла телото на делови кои ги сокрила во подрумот на својата куќа.
Жената сама се пријавила во полиција и го признала делото. Против неа е покренато дело за убиство на малолетник.
Според руските медиуми, истата жена во 2005 година го убила својот сопруг при семејна расправија, но добила само условна казна бидејќи судот оценил дека дејствувала во афект.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија