| четврток, 6 декември 2018 |

САД бараат Турција да се вклучи во борбата против ИД со базата Инџирлик

Американска делегација предводена од генерал Џон Ален, кој е специјален координатор на претседателот на САД Барак Обама во борбата против групата Исламска држава, вчера во главниот град на Турција имаше осумчасовна средба, на која е разговарано за отворањето на турската воена база „Инџирлик“ за американски воени авиони, пишува весникот „Хуриет“.

Американските претставници се сретнале со турска делегација, предводена од заменикот-министер за надворешни работи Феродун Синирлиоглу.

Весникот наведува дека Синирлиоглу изразил подготвеност од официјална Атина да покаже отворена поддршка на меѓународната коалиција во борбата против ИД.

За време на разговорите било истакнато значењето за американската администрација на базата Инџирлик во Адана за борбата против џихадистичката група во Сирија и во случај на евентуална операција во Мосул, во северниот дел на Ирак. Турција, од своја страна, изнела свои услови за таквата поддршка.

Едно од барањата на Турција се однесува на сириската курдска Партија за демократска унија, кој е поврзана со бунтовничката Курдска работничка партија во Турција. Анкара бара на курдската ПДУ да не и биде дозволено создавање на курдски појас долж границата, сo тоа што регинот меѓу градовите Џараблус и Азаз би требало да останат под контрола на Слободната сириска армија и Исламскиот фронт.

Средбата е завршена со барањето на Турција да се создаде зона на безбедност и зона за забрана на летови во Сирија, на што американската страна не дала никаков коментар, пишува весникот „Хуриет“. На заедничката средба, исто така, е разговарано и за програмата за обука и вооружување на умерената сириска опозиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top