| четврток, 6 декември 2018 |

Бојата на сакото на Меркел кажува колку е сериозен разговорот

Изборот на бојата на сакото на германската канцеларка Ангела Меркел воопшто не е случаен, сметаат аналитичарите.

947635501559cd35a72223303637918_w640

Стилот на Меркел дури и Карл Лагерфелд го опиша како сосема во ред. Таа најчесто носи пантолони со рамни ногавици, продолжено сако со три копчиња и сечени џебови. Косата и е кратка, накитот дискретен, шминката невпечатлива и носи рамни чевли.

Меркел ги менува само сакоата, односно боите и тоа зависи од средбата и од видот на разговорот. Виолетово и розово сако е за помалку формални средби, каде што нема тешки теми за разговор.

Крем боја и бело Меркел нос кога сака да испрати порака за мир, сино кога треба да делува сериозно, но не и строго. За такви, сериозни прилики е резервирана цранта боја. Зелената боја е боја на оптимизам, но и на смиреност, пишува „Мондо“.

Моделот на нејзиното познато сако го смисли дизајнерката Бетина Шонбек и тоа го дури во 90 нијанси. Да ѝ се најде, во секоја прилика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top