Триесет и осумгодишен македонски државјанин е уапсен на границата меѓу Франција и Швајцарија со 300 грама херион.
Швајцарската полиција, при контролата на возилото, ја пронашла дрогата скриена во детско седиште.
Според тамошните медиуми, уапсениот ѝ станал сомнителен на полицијата затоа што бил многу нервозен за време на проверката. Дрогата била процената на околу 40 илјади швајцарски франци.
Уапсениот долги години живеел во Швајцарија како имигрант во близина на Базел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


