Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Иван Настевски ги променија фудбалските средини и ќе играат за клубови од просторот на поранешна Југославија.
Репрезентативецот Ристовски од Италија од редовите на Парма се пресели во Риека и ќе остане на Кантрида во следните три сезони.
Настевски кој, како и Ристовски, е поранешен фудбалер на Вардар, од Грција се пресели во Нови Пазар и ќе игра за тамошниот член на Првата српска лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



