| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрант почина во тунелот под Ла Манш

ла

Илегален имигрант почина во тунелот под Ла Манш, што предизвика прекин на сообраќајот меѓу Франција и Велика Британија, соопшти француската полиција.

Дел од тунелот е затворен поради започнатата истрага на несреќата, но движењето не е целосно затворено.

Рано изутрина на еден товарен воз била забележана група мигранти, по што композицијата бил итно запрена. При проверка службениците го откриле трупот. Движењето преку тунелот било во краток прекин во насока кон Велика Британија.

Тунелот под Ла Манш е единствен начин за имигрантите да стигнат до Велика Британија од континентална Европа.

Секој ден во Кале стотици имигранти се обидуваат да се качат на специјалните платформи на товарните возови и да се скријат во некои од возилата кои ги пренесуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top