Аргентинскиот кошаркар од редовите на Сан Антонио, Ману Џинобили, ја одложи пензијата и потпиша едногодишен договор со клубот со кој ја доживеа целосната афирмација.
Аргентинецот по завршувањето на ланската сезона се пожали на премореност, што дел од медиумите го пренесоа како најава за пензионирање, но по летниот одмор Џинобили ги известил челниците на Сан Антонио дека ќе продолжи да го носи дресот на овој клуб.
Сан Антонио успеа да потпише нови договори со Ленард и со Грин, а во следните денови се очекува нов член на „мамузите“ да стане и Дејвид Вест.
По продолжување на договорите на двајцата носители на играта на „мамузите“, Тим Данкан и Ману Џинобили и доведувањето во тимот на Ламаркус Олдриџ, Сан Антонио е еден од најсериозните кандидати за освојување на шампионскиот прстен следната сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)