Белата куќа апелира до Грција и до лидерите на Европската унија да пронајдат компромис и да ја задржат Атина во еврозоната.
– Референдумот е завршен, но ставот на Белата куќа останува ист. Тоа е на Европа да го реши – изјави портпаролот Џош Ернест.
Тој наведе дека претставниците на ЕУ и Грција треба да постигнат договор за „пакетот реформи и финансирањето кое би ѝ овозможило на Грција да биде на патот на одржлив долг, но и на економски раст.
– Тие треба да ѝ овозможат на Грција да остане дел од еврозоната – истакна Ернест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција



