Турскиот репрезентативец Арда Туран е првото летно засилување на актуелниот европски шампион Барселона, а вкупниот трансфер ќе изнесува 41 милиони евра, вклучувајќи најразлични клаузули и бонуси
Со оглед на фактот дека управата на Барселона е распуштена поради претседателските избори што ќе се одржат за десетина, трансферот беше одобрен од страна на трансфер-комитетот формиран при оставката на Бартомеу. Овој комитет беше создаден за реализација на трансфери за кои е неопходна брзина во преговорите, а во ситуација кога за Арда притискаа и Челси и Манчестер јунајтед, јасно е зошто каталонците инсистираа на експресен договор со Атлетико.
Проблем за каталонците е што немаат право да регистрираат нови играчи до јануари 2016 година, па Арда во следните четири месеци ќе игра или за Барселона Б, или ќе продолжи во Атлетико Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



