Поради минирање на патот А2 Кичево – Охрид кај месноста Лавчански кжКорита, денеска од 16 до 17 часот ќе има прекин во сообраќајот во траење од 15 до 20 минути, информира Автомото-сојузот на Македонија.
Оттаму посочуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози, а на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде што е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.