Шефот на белгиската дипломатија, Дидие Рејнолдс, денеска предупреди дека кризата во Грција може да предизвика негативни последици на целиот Балкан и да го дестабилизира регионот.
– Се плашам дека ќе има геополитички последици за регионот, рече Рејнолдс за телевизијата РТЛ, потсетувајќи дека Грција е еден од главните инвеститори на Балканот.
– Последици може да има не само за земји, како Македонија или Црна Гора, туку и за Бугарија, доколку се имаат предвид проблемите со стабилноста во таа зона, рече министерот.
Тој додаде дека не верува оти евентуално излегување на Грција од еврозоната ќе доведе до дестабилизација на Европа, но изрази стравување дека во тој случај последиците ќе ги почуствуваат сите европски економии.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во Париз ќе разговараат за последиците од резултатот на грчкиот референдум, на кој убедливо мнозинство гласачи се изјасни против мерките за штедење кои им ги наметнаа доверителите.
Истовремено, денеска се очекува и одлуката на Европската централна банка дали ќе продолжи со итната финансиска помош за Грција, во која владее тежок недостиг од готови пари, а експертите предупредуваат дека одлуката за прекин на помошта, де факто, ќе доведе до излез на Грција од еврозоната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Хорор куќа на Балканот која ги „убила“ сите сопственици
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!