| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанец си ја давал сопругата за 500 денари

Триесет и тригодишниот К.И. од Битола, зарабои кривична пријава од битолската полиција за тешка телесна повреда, „посредување во вршење проституција и „овозможување употреба на наркотични дроги.

На 4 јуни, во семејниот дом во Битола, по расправија со неговата сопруга, пријавениот физички ја нападнал и и нанел тешки телесни повреди.

Исто така, во периодот од јануари до јуни 2015 година пријавениот за паричен надомест од 500-1000 денари посредувал во вршење на проституција на неговата сопруга, а воедно и овозможувал да користи наркотични дроги и психотропни супстанции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top