| четврток, 6 декември 2018 |

Пет трикови за преживување на топлотниот бран

Температурите неделава ќе растат со секој изминат ден, а метеоролозите предупредуваат дека четврток ќе биде најжешкиот ден годинава, со температури и до 40 степени.

Лекарите предупредуваат да се излегува само доколку е неопходно.

За оние кои секојдневно се на работа, неколку совети за полесно справување со градските жештини и гужви кои следат периодов.

1. Избегнувајте изложување на сонце од 10-17 часот и поминувајте го денот во климатизирани простории. Доколку немате клима, во овој период спуштете ги ролетните или поставете темни платна на прозорците, со цел да ги одбивате сончевите зраци и дополнително да го затоплувате домот или канцеларијата.

2. Ставете влажна крпа во замрзнувач и оставете целосно да се излади. Земете ја со вас кога излегувате, посебно добро ќе ви дојде да го изладите вратот во пеколите жештини на автобусот.

3. Додека чекате на автобуска постојка, не стојте во едно место, туку движете се под сенките.

4. На работа правете помали, но почести паузи во кои ќе каснете некое парче овошје и постојано пијте ладна вода или чај.

5. Шише вода и нека ладалото ви се најважното оружје во битката со пеколните температури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top