| четврток, 6 декември 2018 |

Следува ли отпис на долгот: Погледнете кои се најголемите кредитори на Грција

Јавниот долг на Грција моментално изнесуваа 323 милијарди евра, а судејќи по сè, кредиторите ќе мораат да се одречат од поголемиот дел од тој износ.

grcki_dug_graf

Најголем уддел во европскиот долг имаат земјите-членки на еврозоната на кои им отпаѓа вкупно 60 отсто од долгот. Еврозоната преку Европскиот фонд за финансиска стабилност на Грција и позајми 141,8 милијарди евра, па уште додатни 52,9 милијарди, низа посебен заем за Грција.

Најголем кредитор е Германија, која преку европска програма за помош и банките на Грција ѝ пласира вкупно 68,2 милијарди евра.

На второ место е Франција

Следува Франција со вкупен износ на заеми од 43, 3 милијарди евра. Иако веројатно добар дел од долгот ќе биде отпишан, за силната германска држава тоа не би требало да биде проблем и не се очекуваат долгорочни негативни последици.

Отписот на долгови би можел да претставува проблем за Шпанија и Италија. Италијанските даночни обврзници и банките пласираа во Грција 38, 4 милијарди евра. Како што и сами имаат проблем со јавниот долг, а и државата почна полека да им се опоравува, не се во ситуација да делат пари на други земји.

Шпанија, која успешно ги спроведе реформите и има силен државен раст во последно време, уште има висока стапка на невработеност, а ѝ позајми на Грција 25 милијарди евра, па отписот на долгот секако би бил значаен товар.

Отписот на долгот на товар на малите земји

Отписот на долгот би претставувал посебен проблем за малите земји, кои немаат големи апсолутни износи на пласман, но тие чинат висок удел во бруто друштвениот производ.

Словенија на таков налин веќе „се збогува“ од своите 1,4 милијарди евра што им е 3, 9 отсто БДП, а во уште потешка ситуација е Малта на која Грција ѝ должи 400 милиони евра, што претставува 5 отсто од БДП.

Понатамошниот тек на преговорите за грчкиот долг е многу тешко да се предвиди. Европската унија остана шокирана од резултатите на референдумот на кој Грците ги отфрлија барањата на доверителите, па за во вторник  е свикан вонреден состанок на еврозоната на кој ќе се расправа за резултатите од референдумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top