| четврток, 6 декември 2018 |

Словенците ја именуваа Грција со „Бивша Европска Република Грција – ФЕРОГ“(фото)

Словенечкиот дневен весник Финанце својата подолга анализа насловена „Збогум, Грција?“ ја илустрираше со зборовите „ФЕРОГ – Поранешна Европска Република Грција“ (Former European Republic of Greece) напишани на заднина со грчкото знаме, очигледно алудирајќи на апсурдната референца ФИРОМ што ѝ е наметната на нашата земја од Грција.

ферог

Илустрацијата е објавена и на насловната страница на денешното издание на Финанце.

Грчките медиуми огорчено ја пренесоа веста објаснувајќи дека Словенците алудираат на спорот за името на Македонија.

Словенците веќе некое време им се подналутени на Грците зашто сметаат дека Грција ја искористува својата привилегирана положба во ЕУ на сметка на другите членки, особено на посиромашните, кои редовно ги исплаќаат своите долгови.

ферог2

Словенија дури кон средината на јуни побара за Грција да се воспостави резервен план за излез од еврозоната, а сега веќе поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис на Словенците им замери дека „немаат достоинство“ и дека тоа е „длабоко антиевропски став“.

Финанце е угледен словенечки економски весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top