| четврток, 6 декември 2018 |

Лејкерс се засилија со Хиберт, Бас и Вилијамс

Најактивни на пазарот на играчи во НБА лигата овој викенд беше управата на ЛА Лејкерс кои се засили со тројца искусни играчи.
Откако добија негативни одговори од Олдриџ, Деандре Џордан и Грег Монро за да се засилат под кошевите, Лејкерс се завртеа кон Инидјанаполис каде Пејсерси сакаа да се ослобдат од богатиот договор на Рој Хиберт. Хиберт иако имаше лоша сезона во Индијана ќе биде големо засилување за „езерџиите“ во годините што следат.

Покрај центарот Хиберт Лејкерс ги доведоа и Брендон Бас од Бостон и Лу Вилијамс од Торонто на кои им истекоа договорите со нивните поранешни тимови на 1.јули и како слободни играчи ќе се преселат во Лос Анџелес.
Вилијамс потпиша тригодишен договор за 21 милион долари, а минатата сезона беше прогласен за „најдобар шести играч“. Тој имаше учинок во просек од 15.5 поени и 2.1 асистенција.
Договорот на Брендон Бас сеуште не е обелоденет, а најмногу зависи од обидот на Лејкерс да ги трампаат Ник Јанг, Роберт Сакре и Рајан Кели.
Крилиниот центар настапи на сите 82 натпревари за Бостон минатата сезона и оствари учинок од 10.6 поени и 4.9 скокови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top