
Издавачката куќа „Феникс“, деновиве објави три книги од познатиот писател Антони де Мело. Станува збор за делата: „Будење“, „Нов ден“ и „Патот на љубовта“.
-Животот е тоа што ни се случува додека сме обземени со други планови – вели Де Мело на почетокот на својата книга „Будење“ и додава: „ Ослободете се од сите илузии, станете свесни и почнете да живеете.“
Во книгата „Нов ден“, авторот презентира текстови за слободата и за љубовта и тоа во сто лекции, а за оваа книга читателите и критичарите не случајно велат дека е книга што го менува животот. Додека во „Патот на љубовта“ Де Мело говори за љубовта и за пречките што стојат на нејзиниот пат.
Антони де Мело е еден од најзначајните инспиративни писатели на нашето време и инетранционално признат спиритуален водач. Во своите дела укажува како да гледаме, сакаме, живееме…Преку неговите медитации, во неговата вообичаена концизност, која ги уништува илузиите, Де Мело истакнува: „ Само тогаш кога ќе ги гледаме другите такви какви што се, ние ќе почнеме вистински да љубиме. Оваа задача не е лесна. најтешкиот чин е чинот на видувањето. Но, само во тој чин се раѓа вистинската љубов!“
Антони де Мело (1931-1987) е автор на голем број бестселери. Иако бил постојан жител на Индија, тој го ширел своето учење низ светот, а неговите книги се преведени на повеќе од 35 светски јазици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Романите на Ермис Лафазановски објавени во Каиро и во Софија


