Претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, синоќа изјави дека на Грција и еврозоната им претстојат тешки искушенија и ја критикуваше грчката влада поради неодговорното однесување.
– Нѐ чекаат тешки можеби и драматични времиња – изјавил Шулц, кој на јавноста ѝ се обратил преку видеолинк од германскиот град Ахен откако Грците на референдумот со големо мнозинство се изјаснија против мерките за штедење наметнати од кредиторите.
Тој рекол дека демократската волја на гласачите мора да се почитува, но и волјата на гласачите на 18 земји-членки на еврозоната кои ја поддржуватаат програмата за штедење.
– Грчкиот премиер Алексис Ципрас мисли дека ја поправи својата преговарачка позиција, но тоа не е точно – рекол Шулц, а за изјавата на грчкиот министер за финансии дека банките од денеска ќе работат нормално рекол дека е тешкоизводлива и дека е опасна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.