Противниците на предлогот на меѓународната тројка синоќа славеа на улиците во Атина и низ другите градови во Грција по првичните неофицијални резултати од референдумот, кои покажаа дека опцијата „не“ е во значителна предност.
Граѓаните на Атина се собраа на плоштадот Синтагма пред грчкиот парламент со знамиња и плакати на кои беа испишани пароли против предлогот на кредиторите и против мерките за штедење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.