| четврток, 6 декември 2018 |

Падна карпа врз куќа во Делчево

karpa vrz kuka

Врз куќата на семејството Мемедови, во населбата Трети Реон во Делчево, се урна карпа и ја оштети, а нема повредени, додека направена е материјална штета врз летната кујна изградена до куќата. Карпата се урнала од обилните врнежи во Делчевско, кои предизвикаа и зголемено ниво на водостојот на Брегалница и нејзините притоки.

– Уривањето на карпата ме затекна на спиење. Очекувам помош од надлежните општински и државни органи во расчистувањето на дворот и санирањето на штетата – вели сопственичката на куќата Назмије Мемедова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top