Грција ќе мора да воведе нова валута ако на реферндумот победи опцијата „не“, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.
-Дали Грција останува во еврозоната по референдумот? Секако дека ќе остане, но ако победи опцијата „нес“, официјална Атина ќе мора да воведе друга валута, бидејќи еврото повеќе нема да биде на распогалање како сретство за плаќање, рече Шулц за германското радио „Дојцландфунк“.
-Во моментот кога некој ќе воведе нова валута, тој тогаш излегува од еврозоната. Ова се елементи кои ми даваат надеж дека граѓаните на Грција денеска нема да заокружат „не“, вели Шулц, пренесува „Гардијан“.
Во меѓувреме германскиот министер за финансии Волфганг Шијбле испрати помирлива порака до Атина велејќи за германскиот венсик „Билд“ дека пред Грците е изборот да го задржат еврото или привремено да останат без него.
И италијанскиот премиер Матео Ренци изјави денес за весникот „Месаџеро“ дека без оглед на исходот од референдумот, Европјаните ќе мора да ги обноват преговорите.
-Кога гледате пензионер како плаче пред банка сфаќате дека една држава која е толку важна за светот поради нејзината култура, не може да заврши вака, порача Ренци, алудирајќи на фотографијата на АФП од саботата на која 77-годишниот пензионер Јоргос Кацифотијадис плаче пред банката во Солун бидејќи не може да си ја подигне заштедата.
-Штом заврши референдумот мораме да ги обновите преговорите, а нокој не е посвесен за тоа од германската канцеларка Ангела Меркел, рече Ренци.
Во Грција денеска околу 10 милиони Грци се изјаснуваат на референдумот за предложениот договор со доверителите кој предвидува дополнителни рестриктивни мерки за штедење во замена за финансиска помош за спасување на стопанството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција