Млада Русинка загинала при обид да направи селфи фотографија пред московскиот финансиски центар, но во тој обид паднала од мост, пренесува Раша тудеј.
Инцидентот се случил синоќа во близина на Московскиот меѓународен бизнис центар, кој се нарекува „Московски сити“.
Според првичните информации, 21-годишната студентка на Рускиот државен универзитет за туризам и услужна индустрија, се обидувала да сними селфи заедно со своите пријатели, но не се фатила добро за оградата на мостот и паднала од него на брегот на реката, изјавил близок извор на истрагата.
Други извори наведуваат дека девојката паднала бидејќи оградата на мостот на која се потпрела била скршена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.