Фабрис ла Физик е познат тренер на славните личности и дава совети како да не се здебелите пред бикини сезоната.
Храната која често ја јадеме во лето е многу калорична. Иако ни се чини дека сме го зголемиле консумирањето на салата, тоа не е ништо во споредба со овие мали „мамци“ за калории.
Некпи салати имаат многу масен прелив, кој е толку калоричен, што е исто како да сте нарачале плескавица.
Ова се неколкуте совети на Ла Физик за витка линија:
1. Подобро да изедете сланина отколку хот дог. Таа има помалку адитиви и вештачки шеќер.
2. Не нарачувајте „пинаколада“ и „маргарита“. Ако веќе морате да се напиете нешто слично, изберете џин и тоник.
3. Коктелите се калориски бомби, а тоа што се течни не значи дека нема да ви бидат препрека до поцврст стомак.
4. Сладоледите се многу калорични – подобро земете замрзнат јогурт.
5. Чипсот и сосевите се полоши отколку да сте изеле цела чоколада.
6. Фенси летните кафиња делуваат само како една шолја пијалок. Но вистината е многу поинаква. Покрај кафето има шлаг и шеќер, а една чаша може да содржи и околу 400 калории.
7. Палачинките, мафините и сличните слатки се шеќерни дози кои бро се претвораат во сало.
Фабрис има уште еден совет:
– Ако не сте тип кој може радикално да ја промени исхраната, исфрлете само една штетна работа. На пример, престанете да пиете газирани сокови. Така нема да се одеднаш да се одречете од вашите омилени намирници, а многу ќе добиете на време – вели експертот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






