| четврток, 6 декември 2018 |

Богов: Депозитите на штедачите во Тутунска банка се сигурни

 Гувернерот на Народна банка, Димитар Богов, ги негираше информациите објавени во некои медиуми дека НЛБ Тутунска банка е нестабилна поради кризата во Словенија и порача дека депозитите на граѓаните се сигурни и дека нема опасност од префрлување на капиталот во Љубљана.

– Сакам да нагласам дека сите банки во Македонија се посебни правни лица коишто работат според македонските закони и над кои НБРМ врши супервизија. НЛБ Тутунска банка е најдобрата банка во групацијата на НЛБ, не се потпира на финансирање од матичната банка, ниту може да ги одлее средствата во матичната банка. Депозитите на штедачите пласирани во НЛБ Тутунска банка се пласирани во македонската економија, а не во словенечката. НЛБ Тутунска банка е финансиски целосно самостојна банка. Дури и при позначајни проблеми на НЛБ во Словенија, тоа не би се одразило врз билансот на НЛБ Тутунска банка и таа нормално би ги продолжила своите операции – се вели во соопштението на гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top