Десетмесечното дружење со талентираните деца од музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ завршува вечерва, а во суперфиналето останаа само 10 најдобри натпреварувачи.
Веќе се издвоени и фаворитите, меѓу кои е и нашиот Трајче Георгиев, кој има само 14 години, но и статус на голема ѕвезда на овие простори.
Дека има неверојатен талент и раскошен глас, потврдува и жирито кое од емисија во емисија го опсипуваше со комплименти и пофални зборови.
-Трајче е еден од главните фаворити за победа. Има неверојатен талент и е вистински македонски претставник – вели Гоца Тржан, која е дел од судиската петорка.
И покрај тоа што има реални шанси за победа, малиот струмичанец е еден од најскромните финалисти таму.
Негови омилени пејачи се Бруно Марс и Жељко Јоксимовиќ, а ужива и кога пее песни од Тоше Проески, кој исто му е музички идол.
-Бруно Марс е мојот омилен пејач, а сакам да ги слушам и песните на Тони Цетински и Жељко Јоксимовиќ – откри Трајче, кој вети дека во вечер ќе се потруди да се прикаже во најдобро светло досега.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.