| четврток, 6 декември 2018 |

Бреговиќ бара 80.000 евра отштета од пиварницата во Карловац

Музичарот Горан Бреговиќ ја тужи пиварницата во Карловац поради неовластено користење на музички дела во промоција на таа трговска марка за време на турнејата во 2007 година.

578488_bregovic-tanjug_ff

Тој бара отштета од 80.000 евра, поради песните кои тогаш се изведени на дури 15 концерти за време на турнејата „Карловачко лајв“, без негова согласност.

Како што наведува „Вечерњи лист“, песните ги изведуваа членови на некогашното „Бело дугме“, Жељко Бебек, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа.

Иако во медиумите претходно беше најавувано дека Бреговиќ ќе поднесе тужба против колегите Бебек, Исламовиќ и Тифа, тужбата не ја насочи против нив, туку против покровителот на турнејата, односно вториот по големина хрватски производител на пиво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top