| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Крушево

„Тико“ и „опел корса“ се судриле денеска околу 17 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево. Поради големата оштетеност на возилата, морала да интервенира и противпожарната единица, која со посебна опрема ги извадила патниците од возилата, од кои три се тешко повредени, а едно е во критична состојба.

soobrakjajka_1

Полиција и истражен судија излегле на местото на несреќата за да ја утврдат причината за судирот, јави „Мета“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top