| четврток, 6 декември 2018 |

Во Атина шок бомби и судири со полицијата (фото)

Две ривалски групи се собраа денеска во центарот на главниот град на Грција, Атина кои полицијата ги растера со шок бомби, објавија грчките медиуми.

atina demonstracii

Околу 25 илјади противници на програмата на меѓународните кредитори за спас на Грција се судрија со околу 20 илјади демонстранти кои во недела, на референдумот ќе гласаат против оваа мерка.

atina demonstracii1

На плоштадот „Синтагма“ во Атина се собрале двете групу, а десетина демонстранти се судриле со полицијата.

Демонстрантите главно биле облечени во црно и носеле кациги, но набрзо судите се смириле, пренесе „Ројтерс“.

atina demonstracii2

На собраниот народ подоцна треба да му се обрати и грчкиот премиер Алексис Ципрас, пренесе агенцијата АФП.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top