Дополнителните анализи од три лаборатории утврдија отсуство на бактеријата салмонела спп во сериите на „вегета“ кои беа во повлекување, со што е потврдена здравствената исправност на зачинот, соопшти денеска компанијата „Подравка“.
„Подравка“ во средата објави дека го повлекува зачинот „вегета“ од пазарите во Австрија, Германија и Словачка бидејќи за време на рутинска контрола во Австрија е утврдено дека постојат индиции за присуство на салмонела спп во траги во еден изолиран случај.
Поради тоа, „Подравка“ самоиницијативно го повлече зачинот „вегета“ од 250 и 500 грама од трите пазари.
Компанијата посочува дека контролата на квалитетот се спроведува во согласност со важечките закони на Европската унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.