| четврток, 6 декември 2018 |

Порошенко: Украина ќе биде подготвена за членство во ЕУ за пет до шест години

укарина

Во следните пет до шест години Украина ќе се промени како резултат на реформите неопходни за исполнување на условите за членство во ЕУ, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.

– Целта на овие реформи е јасна и разбирлива. Тие претставуваат подготовка на Украина за членство во ЕУ. Сигурен сум дека Украина ќе се проемни во следните пет до шест години, за да ги исполни условите кои се неопходини за да аплициара за членство (во ЕУ) – изјави Порошенко во Киев на заедничка прес-конференција со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц.

Според Порошенко, на средбата со Шулц размениле повеќе мислења, меѓу кои и за „дополнителните механизми и средства од Европарламентот и европските институции за поддршка на финансиските, економските и социјалните реформи што се спроведуваат во Украина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top