Гласањето со „не“ на референдумот во Грција в недела ќе ги ослаби позициите на Атина драматично, а ако се гласа „да“, тоа ќе значи – тешки преговори. Тоа го изјави на прес-конференција во Луксембург претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.
Тој ги ограничи коментарите за темата со таа единствена изјава.
Премиерот на Луксембург, Ксавие Бетел, нагласи дека гласањето со „да“ ќе доведе до „тешки преговори“, а гласањето „не“ ќе значи уште потешки преговори со Атина.
– Разговарав со грчкиот премиер Алексис Ципрас и му реков дека сакам луксембуршкото претседавање со ЕУ да се заснова на доверба – изјави Бетел.
– Мислам дека на луѓето треба да им биде целосно јасно за што или против што гласаат. Референдумот е и за иднината на ЕУ, еврозоната и Европа. Референдумот ќе донесе последици бидејќи треба да ги прифатиме резултатите од него – коментираше Бетел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!