Со дебатата „Ранливите категории население во кризни ситуации“ денеска се одбележува Светскиот ден на населението. Дебатата е дел од активностите на Канцеларијата на Обединетите нации (УНФПА) во Скопје.
Луиза Винтон, постојан претставник на ОН, за мигрантите кои во моментов минуваат низ Македонија, повика на целосно почитување на човековите права за сите лица, без оглед на тоа дали имаат статус на регуларни или нерегуларни мигранти.
– Тие се наоѓаат во кризна состојба и ОН сакаат целосно почитување на нивните човекови права. Тие тоа целосно го заслужуваа – рече Винтон.
Укажа дека особено ранлива категорија меѓу мигрантите се девојките и жените.
– Една од пет жени меѓу мигрантите е бремена. Ја поздравуваме одлуката на Министерството за здравство да даде целосна, бесплатна здравствена заштита на мигрантите кои ќе се најдат во Македонија – рече Винтон.
Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски информира дека младите, девојчињата, жени, бремени жени и деца се особено ранливи категории на население во услови на криза и се изложени на зголемено насилство, зголемена смртност, мајчина смртност и пренос на сексуално преносливи инфекции, ХИВ и СИДА.
Тој истакна дека Македонија успеала во рана фаза да одговори на двете последни состојби, поплавите и мигрантите. За поплавите, тој и се заблагодари на УНФПА и потсети дека само за неколку дена се донирале и дистрибуирале 2.400 хигиенски сетови до ранливите категории.
– За состојбата со мигрантите Европа повторно успеа да мобилизира средства и дистибуција на 500 хигиенски сетови во најкус можен рок – рече Андовски.
Заменик-министерот потсети дека досега Министерството за здравство обезбедило тим доктори да вршат прегледи во Прифатниот центар за мигранти во Гази Баба, тим од доктори да врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на Прифатниот центар во Гази Баба, во партнерство со Клиниката за гинекологија и акушерство од Скопје и НВО „ХЕРА“, на терен излегоа доктори и мобилната гинеколошка ординација да пружаат услуги на жените мигранти.
Нагласи дека Министерството за здравство им укажало на сите јавни здравствени уистанови да пружаат бесплатна здравствена заштита на сите мигранти кои ќе се обратат кај нив за помош.
– Состојбата со мигрантите не засега сите. И затоа пристапот кон справување треба да биде заеднички. Ние покажавме дека можеме да бидеме успешни само ако сите заеднички се стремиме кон истата цел – рече Андовски.
Сашо Талески, раководител на сектор во Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека под ранливост се подразбира намалениот капацитет на поединци и групи, да се подготват, да се справат и да закрепнат од одредени катастрофи, природни или предизвикани од човекот.
Во Македонија, како што рече, Црвениот крст им обезбедува поддршка на барателите на азил, мигранти, бездомници…
– Црвениот крст обезбедува поддршка преку мобилните тимови на терен, на потегот од Гевгелија до Куманово. Обезбедуваме итни хигиенски материјали за оваа категорија на население. Обезбедуваме прва помош, вода за пиење и сува храна или она што е најелементарно за поддршка на мигрантите – рече Талески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија
-
Вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Ерусалим