| четврток, 6 декември 2018 |

54. издание на „Балкански фестивал на народни песни и игри“ во Охрид

Во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, од 6 до 11 јули, ќе се одржи Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Балкански фестивал на народни песни и игри годинава ќе го одбележи 54. издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.

Фестивалот е под покровителство на Собранието на Република Македонија. Програмата е на високо ниво и е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Програмските придобивки, квалитетот на презентацијата на фолклорниот материјал и можноста тој да биде отворена сцена за кумуникација на културите на народите придонесе овој фестивал да биде застапен во каталогот на ИОВ најзначајни фолкорни манифестации во светот.

Во рамките на фестивалот се одржуваат и изложби кои секогаш биле блиски на ориентацијата на фестивалот.

bf_programa_str_2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top