| четврток, 6 декември 2018 |

Перо Антиќ ги мина лекарските прегледи во Фенербахче

Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ одлично е пречекан во Истанбул, каде што во текот на денешниот ден треба официјално да стави потпис на двегодишниот договор со турскиот гигант Фенербахче.

antic 3

Тој пред да го стори тоа утринава беше упатен на задолжителни лекарски прегледи, по што се очекува да го официјализира договорот.
Антиќ доаѓа во тимот како големо засилување откако Фенербахче не успеа да дојде до титулата во турскиот шампионат, а не успеа да се закити ниту со титулата во Евролигата. Перо Антиќ доаѓа од НБА-тимот на Атланта откако две години мина „преку барата“ како прв Македонец што бил дел од НБА.

antic 2

Најтрофејниот тренер во Европа, Жељко Обрадовиќ, инсистираше на доведување на Антиќ, а пред него беше ангажиран поранешниот негов соиграч од Олимпијакос, Костас Слукас, кој игра на бековската позиција.

antic 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top