| четврток, 6 декември 2018 |

Грчкиот референдум ја поевтини светската нафта

nafta cena malaЦените на нафтата денеска паднаа пред референдумот во Грција околу тоа дали ќе се продолжи со бараните реформи од кредиторите.

Американската лесна нафта за испорака во август денеска се продава за 21 цент помалку на берзата во Њујорк, за 56,72 долари, додека „Бренд“ во Лондон  за три центи помалку, односно за 62,04 длари, пренесува „Франс прес“.

Додека Грција и целата Европа е во исчекување на референдумот, бонитетната агенција „Мудис“ наведува дека референдумот претставува нов сериозен ризик за приватните кредити.

– Веруваме дека без поддршка на меѓународните кредитори Грција ќе банкротира по основа на долгот во рацете на приватните кредитори, а „НЕ“ на референдумот само би го зголемил ризикот од излегување на земјата од еврозоната, што ќе нанесе големи загуби на кредиторите од приватниот сектор – наведува „Мудис“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top