| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Арсова: Не постои лек за ќелавоста, но таа може да се контролира

Има го­лем на­пре­док во на­уч­ни­те истра­жу­ва­ња, кои по­ка­жу­ва­ат точ­но по­ра­ди што на­ста­ну­ва опа­ѓа­ње­то на ко­са­та. Се­кое но­во откри­тие по­ма­га да до­би­е­ме по­до­бар про­из­вод кој би го ре­гу­ли­рал опа­ѓа­ње­то на ко­са­та. Се­пак, по­сто­јат ус­пеш­ни трет­ма­ни кои го спре­чу­ва­ат на­та­мош­но­то опа­ѓа­ње и го ре­гу­ли­ра­ат рас­тот на ко­са­та. Со тие трет­ма­ни мо­же да се вра­ти ба­рем дел од за­гу­бе­на­та ко­са, ве­ли д-р Ар­со­ва

Три­хо­ло­ги­ја­та е гран­ка на дер­ма­то­ло­ги­ја­та ко­ја се за­ни­ма­ва со ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње и со тре­ти­ра­ње проб­ле­ми на ко­са­та и на скал­пот. Тоа зна­чи де­ка е по­тес­на спе­ци­јал­ност ко­ја се за­ни­ма­ва со здрав­је­то на ко­са­та. Здрав­је­то на ко­са­та е одраз на це­ло­куп­но­то здрав­је. На при­мер, кај же­ни­те, ане­ми­ја­та во кр­вта се ма­ни­фе­сти­ра со опа­ѓа­ње на ко­са­та, ка­ко и со су­вост и крш­ли­вост на ко­са­та. За­тоа е не­оп­ход­но здра­во да се хра­ни­ме и да се по­гри­жи­ме на­ша­та здрав­стве­на со­стој­ба се­ко­гаш да би­де до­бра, ве­ли д-р Еле­на Ар­со­ва, три­хо­лог и ме­ди­цин­ски ди­ре­ктор во „101 хер кли­ни­ка“ во Скоп­је.

 

Се­ко­ја же­на са­ка да има уба­ва и не­гу­ва­на ко­са. Ка­ко да се по­стиг­не тоа?
АР­СО­ВА: Уба­ви­на­та и здрав­је­то на ко­са­та не ни се да­де­ни ед­наш за се­ко­гаш. Тре­ба да ја не­гу­ва­ме ко­са­та и да се гри­жи­ме за неа. Же­ни­те ко­ри­стат раз­лич­ни про­из­во­ди за ко­са, пра­кти­ку­ва­ат раз­лич­ни трет­ма­ни, фи­зич­ки или хе­ми­ски, и за­тоа е не­оп­ход­на не­га­та на ко­са­та. Кол­ку по­до­бро ја не­гу­ва­ме, тол­ку по­дол­го ќе ни би­де уба­ва и здра­ва.

 

Што е по­треб­но за ед­на же­на да има уба­ва и здра­ва ко­са? Да­ли под здра­ва ко­са се по­драз­би­ра и здрав на­чин на жи­вот?
АР­СО­ВА: Здрав­је­то на ко­са­та е одраз на це­ло­куп­но­то здрав­је. На при­мер, кај же­ни­те, ане­ми­ја­та во кр­вта се ма­ни­фе­сти­ра со опа­ѓа­ње на ко­са­та, ка­ко и со су­вост и крш­ли­вост на ко­са­та. За­тоа е не­оп­ход­но здра­во да се хра­ни­ме и да се по­гри­жи­ме на­ша­та здрав­стве­на со­стој­ба се­ко­гаш да би­де до­бра. Одре­де­ни здрав­стве­ни со­стој­би, ка­ко ане­ми­ја­, проб­ле­ми со ти­ро­ид­на­та жлез­да, по­ли­ци­стич­ни јајч­ни­ци, оста­ва­ат пос­ле­ди­ци на ко­са­та и тре­ба да би­де­ме вни­ма­тел­ни и да се тру­ди­ме да го по­до­бри­ме ква­ли­те­тот на жи­во­тот.

 

Во кој пер­и­од од жи­во­тот же­на­та тре­ба да по­све­ти по­ве­ќе вни­ма­ние на не­га­та на ко­са­та?
АР­СО­ВА: Же­ни­те кон­ти­ну­и­ра­но тре­ба да вни­ма­ва­ат на ко­са­та за­тоа што во раз­лич­ни пер­и­о­ди од жи­во­тот раз­лич­ни фа­кто­ри на ри­зик до­ве­ду­ва­ат до опа­ѓа­ње или до проб­ле­ми со ко­са­та. На при­мер, во пу­бер­тет мо­же да се ја­ви проб­лем со мен­стру­ал­ни­от цик­лус, по­тоа проб­ле­ми со дис­ба­ланс на хор­мо­ни­те кои мо­же да оста­ват пос­ле­ди­ци по ко­са­та, ка­ко опа­ѓа­ње и истен­чу­ва­ње. Во сред­ни­от пер­и­од од жи­во­тот, во пер­и­о­дот на бре­ме­ност и по по­ро­ду­ва­ње­то се ја­ву­ва ри­зик од опа­ѓа­ње на ко­са­та. По че­ти­ри­е­сет­та­та го­ди­на ти­ро­ид­на­та жлез­да ста­ну­ва фа­ктор на ри­зик би­деј­ќи мо­же да на­ста­не дис­ба­ланс на ти­ро­ид­ни­те хор­мо­ни. На крај, по пе­де­сет­та­та го­ди­на, же­на­та вле­гу­ва во ме­но­па­у­за. Опа­ѓа­ат естро­ге­ни­те хор­мо­ни кои ина­ку се до­бри за ко­са­та, и тоа пре­диз­ви­ку­ва истен­чу­ва­ње на влак­но­то и опа­ѓа­ње на ко­са­та. Тоа зна­чи де­ка ре­чи­си се­кој пер­и­од од жи­во­тот на же­на­та е ри­зи­чен и тре­ба да се вни­ма­ва.

 

Ка­ко вли­јае хе­ми­ски­от трет­ман врз влак­но­то на ко­са­та?
АР­СО­ВА: Се­кој хе­ми­ски трет­ман, ка­ко бо­е­ње, ша­ти­ра­ње, блан­ши­ра­ње, мо­же да до­ве­де и до­ве­ду­ва со су­ше­ње на влак­но­то и до транс­фор­ми­ра­ње на не­го­ва­та про­те­ин­ска стру­кту­ра. Исто та­ка, и тер­мич­ко­то тре­ти­ра­ње, ка­ко фе­ни­ра­ње на ко­са­та, до­пол­ни­тел­но го де­хи­дри­ра влак­но­то и уште по­ве­ќе мо­же да ја наг­ла­си су­во­ста на ко­са­та. Се­ко­ја же­на са­ка да ја ме­ну­ва фри­зу­ра­та и да екс­пе­ри­мен­ти­ра, но мо­ра да се обр­не вни­ма­ние на не­га­та пред трет­ма­нот и, се­ка­ко, по не­го. Одре­де­ни ма­ски кои се ви­со­ко­хран­ли­ви и одре­де­ни трет­ма­ни кои се хи­дра­тант­ни мо­же да по­мог­нат влак­но­то да се одр­жи во здра­ва со­стој­ба и да ги из­др­жи си­те тра­у­ми кои се пре­диз­ви­ку­ва­ат со хе­ми­ски­те трет­ма­ни.

 

Ко­ја е нај­че­ста­та при­чи­на за по­ја­ва на су­вост кај ко­са­та?
АР­СО­ВА: Су­во­ста на ко­са­та мо­же да про­из­ле­зе од здрав­стве­на­та со­стој­ба, но и од не­а­де­кват­на не­га. Мо­же да би­де и не­а­де­ква­тен шам­пон, кој не го влаж­ни ту­ку го су­ши влак­но­то. На при­мер, сул­фа­ти­те во шам­по­ни­те за ко­са зна­ат да го ису­шат влак­но­то и да на­пра­ват ири­та­ци­ја на скал­пот. На тој на­чин се су­ши и скал­пот. Не­ко­ри­сте­ње­то ма­ски и бал­са­ми за ко­са, исто та­ка, до­ве­ду­ва до су­ше­ње на влак­но­то за­тоа што е по­треб­но да има­ме еден за­шти­тен слој кој ќе го шти­ти влак­но­то од над­во­реш­ни­те вли­ја­ни­ја. И УВ-зра­че­ње­то пра­ви де­гра­да­ци­ја на про­те­и­ни­те во влак­но­то и до­пол­ни­тел­но при­до­не­су­ва за су­во­ста, та­ка што спре­јо­ви­те со УВ-фил­тер ста­ну­ва­ат не­оп­ход­ни за жен­ска­та ко­са. Со­вре­ме­ни­от тренд во не­га­та на ко­са­та е на­со­чен кон про­из­во­ди од ор­ган­ско по­тек­ло. Кла­сич­ни­те шам­по­ни за ко­са кои сме ги ко­ри­сте­ле по­ра­но се по­ка­жа де­ка има­ат раз­лич­ни алер­ге­ни и кан­це­ро­ге­ни со­стој­ки. За­тоа и трен­дот на коз­ме­тич­ка­та ин­ду­стри­ја за ко­са е на­со­чен кон про­из­во­ди од ор­ган­ско по­тек­ло. Тие со­др­жат при­род­ни со­стој­ки ко­и­што по­ус­пеш­но го хра­нат влак­но­то, а при­тоа не пре­диз­ви­ку­ва­ат ни­ка­кви проб­ле­ми. Мо­ја­та пре­по­ра­ка е ако не по­стои не­кој се­ри­о­зен проб­лем со ко­са­та, то­гаш се­кој мо­же да из­бе­ре про­из­вод што му се до­па­ѓа, но ко­га ќе го пра­ви из­бо­рот да вни­ма­ва про­из­во­дот да има при­род­ни со­стој­ки. Ко­ко­со­во­то мас­ло, ма­ка­да­ми­ја, ек­стра­кти од бам­бус, пче­ни­ца се од­лич­ни со­стој­ки во про­из­во­ди­те.

dr-Elena-Arsova-2

Со ста­ре­е­ње­то, ста­рее и влак­но­то на ко­са­та. Што пре­по­ра­чу­ва­те во овој пер­и­од од жи­во­тот, ка­ко да се не­гу­ва ко­са­та?
АР­СО­ВА: Ста­ре­е­ње­то на ко­са­та ка­ко тер­мин се ја­ву­ва во по­но­во вре­ме. Со те­кот на го­ди­ни­те се ме­ну­ва и про­те­ин­ска­та стру­кту­ра на влак­но­то, се истен­чу­ва, по­тоа се на­ма­лу­ва­ат и бро­јот на влак­на­та и се­то тоа спа­ѓа во ста­ре­е­ње на ко­са­та. Тоа не зна­чи де­ка ста­ну­ва збор за ќе­ла­вост, ту­ку, ед­но­став­но, ко­са­та ги ме­ну­ва сво­јот ква­ли­тет и гу­сти­на. Тре­ба да се пре­поз­нае кол­ку бр­зо на­пре­ду­ва тоа ста­ре­е­ње за да мо­же да се ре­а­ги­ра аде­кват­но. Ста­ре­е­ње­то на ко­са­та кај си­те лу­ѓе не е исто и не на­пре­ду­ва со иста бр­зи­на.

 

Да­ли се ле­чи ќе­ла­во­ста?
АР­СО­ВА: Ќе­ла­во­ста мо­же да се кон­тро­ли­ра и да се по­диг­не рас­тот на ко­са­та. Ме­ѓу­тоа, не мо­жам да ка­жам де­ка по­стои лек за ќе­ла­вост и по­крај раз­лич­ни­те бом­ба­стич­ни нај­а­ви кои мо­же­ме да ги слуш­не­ме или про­чи­та­ме. Има го­лем на­пре­док во на­уч­ни­те истра­жу­ва­ња, кои по­ка­жу­ва­ат точ­но по­ра­ди што на­ста­ну­ва опа­ѓа­ње­то на ко­са­та. Се­кое но­во откри­тие по­ма­га да до­би­е­ме по­до­бар про­из­вод кој би го ре­гу­ли­рал опа­ѓа­ње­то на ко­са­та. Се­пак, по­сто­јат ус­пеш­ни трет­ма­ни кои го спре­чу­ва­ат на­та­мош­но­то опа­ѓа­ње и го ре­гу­ли­ра­ат рас­тот на ко­са­та. Со тие трет­ма­ни мо­же да се вра­ти ба­рем дел од за­гу­бе­на­та ко­са.

 

Не­кои же­ни и во ле­то не се отка­жу­ва­ат од фе­ни­ра­ње и од пег­ла­ње на ко­са­та. Кои се Ва­ши­те пре­по­ра­ки за не­гу­ва­ње­то на ко­са­та во те­кот на ле­то­то?
АР­СО­ВА: Оп­шта пре­по­ра­ка е ко­са­та да се ште­ди во ле­то. Тоа зна­чи да не се из­ло­жу­ва ни­ту на хе­ми­ски трет­ма­ни. На при­мер, во­оп­што не се пре­по­ра­чу­ва ша­ти­ра­ње на ко­са­та во лет­ни­от пер­и­од за­тоа што сме из­ло­же­ни на сон­це, а УВ-зра­че­ње­то вли­јае не­га­тив­но. Мор­ска­та сол, на мо­ре, или хло­рот на ба­зен го су­ши влак­но­то. Со­ле­на­та во­да дејс­тву­ва ос­мот­ски и фа­ктич­ки ја изв­ле­ку­ва во­да­та од влак­но­то пра­веј­ќи ја су­ва. Фри­зер­ски­те трет­ма­ни уште по­ве­ќе го су­шат влак­но­то. Во ле­то пре­по­ра­чу­вам ко­са­та да се но­си што е мож­но по­ве­ќе во при­ро­ден стил, да се шти­ти од сон­це­то со шап­ка или ка­па, да се за­шти­ти со спре­јо­ви со УВ-фа­ктор. Ле­то­то е иде­ал­но за ко­са­та да се од­мо­ри од си­те ин­тен­зив­ни фри­зер­ски трет­ма­ни.

Интервјуто може да го погледнете на РепубликаТВ.

 

Пишува: Александра М. Бундалевска
| Фото: Але­ксан­дар Ива­нов­ски
(Текст објавен во 147. број на неделникот „Република“, 26.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top