| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува 41. фестивал „Пеце Атанасовски“

Во Прилеп и на Рудина во Долнени на 3 и на 4 јули ќе се одржи 41. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, на кој ќе настапат 300 изведувачи на народни инструменти и песни од Македонија и гости од Русија и од Србија.

Програмата почнува вечерва (петок, 3 јули)  во 20 часот со дефиле на сите учесници низ прилепските улици. Натпреварувачкиот дел е од 21 часот, а на Рудина е в сабота од 17.30 часот.

Според професорот д-р Илчо Јованов, претседателот на Собранието, Фестивалот со години ги негува изворните фолклорни традиции во Македонија.

– Фестивалот е многу значаен за земјата оти преку него се негува изворниот македонски фолклор. Тука на овој фестивал може да се научи да се свири на народни инструменти, да се научат изворни песни – вели Јованов.

Дел од програмата на фестивалот е и петдневениот Семинар за изучување на македонскиот изворен мелос – изворните инструменти и песни, кој трае веќе три дена. На семинарот, кој е единствен од ваков вид, учестуваат преку 20 учесници од Русија, Србија и од Македонија. Гостите од Русија предводени од професорот Галина Сисоева од државниот универзитет во Вороњеж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top