| четврток, 6 декември 2018 |

ИД води масовна електронска кампања за поддршка во југоисточна Азија

Во последниве неколку недели во југоисточна Азија се појавија десетина веб-сајтови и блогови на кои со атрактивна графика и содржини се поставуваат пораки и информации според кои борците на групата Исламска држава во Ирак и Сирија по остварувањето на „величествени победи“ живеат „чисто и во идилата на Калифатот“.

svet145-isis-1

 

Пораките се напишани на англиски и на арапски јазик, но сѐ повеќе доминираат постовите на бахаса’ јазикот, кој го говорат или разбираат над 300 милиони жители во регионот, припадници на исламската религија.

Пораките најчесто се наменети за младите, а еднаш „закачените“ посетители постојано добиваат нови пораки и информации, сеедно дали тие повторно се приклучиле на веб-сајтовите на Исламската држава.

Според Ајуб Кан, директор на малезискиот специјален оддел за антитероризам, сите сајтови и блогови се хостирани вонрегионот, најчесто во САД. Два веб-сајта се хостирани од оператори во Германија и во Велика Британија.

Малезиските власти попусто интервенирале барајќи гаснење на откриените места на кои се хостираат исламисичките сајтови, бидејќи, како што соопшти Ајуб Кан, истите содржини многу брзо се емитуваат од други сервер.

Малезиската полиција признава дека не може да се справи со пропагандата што доаѓа од поддржувачите на Исламската држава. Затоа, во Малезија полицијата почна масовна кампања со која ќе се објаснува потребата младите да не наседнуваат на провокативните пораки за убав и богат живот ако се приклучат кон идејата на Калифат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top