Четврта година по ред, најдобриот тенисер на земјени терени е елиминиран во раната фаза на најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон.
Најголемото изненадување оваа година го направи црномурниот Германец Дастин Браун, кој го победи Надал со 3-1 (7-5, 3-6, 6-4, 6-4) во сетови.
Браун, кој одлично игра на тревна подлога, моментно се наоѓа на 102. место на листата на АТП и како квалификант успеа да стигне до главниот турнир.
Тој минатата година во првиот меѓусебен дуел со Надал на турнирот во Хале исто така славеше победа со 6-4 и 6-1.
Ова беше уште еден лош Вимблдон за Надал бидејќи четврта година по ред не успева да дојде до значаен резултат. Од 2012 година наваму тој испаѓа во второ, прво, четврто и годинава повторно во второ коло.
Дастин Браун со вчерашната победа по вторпат успева да игра во третото коло на тревата во Вимблдон и таму ќе се сретне со српскиот тенисер Виктор Троицки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


