По околу 50.000 откажувања на резервации добиваат дневно од понеделникот членките на грчкото Здружение на туристички работници. Откажаните резервации се за „во последен момент“ кои чинат околу 20 отсто од вкупните во текот на годината, тоа е голем удар за туризмот во Грција, објави атинското Радио Скај.
Грчките медиуми како „драматични“ ги опишуваат последиците за економијата со затворањето на банките и ограниченото располагање со пари, воведено во понеделникот за да се запре масовното повлекување штедни влогови во страв од банкрот на државата.
Здружението на извозници од Грција проценува дека загубите на нивните членки се 80 милиони евра неделно и оти оваа недела како и следната извозот ќе се намали за седум отсто, а увозот за 28 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


