| четврток, 6 декември 2018 |

Утре почнува 41. фестивал „Пеце Атанасовски“

В петок и в сабота во Прилеп и на Рудина во Долнени, ќе се одржи 41. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, на кој ќе настапат 300 изведувачи на народни инструменти и песни од Македонија и гости од Русија и од Србија, беше речено на денешната прес-конференција.

02072015140319_Prilep

Програмата почнува утре во 20 часот со дефиле на сите учесници низ прилепските улици. Натпреварувачкиот дел е од 21 часот, а на Рудина е в сабота од 17.30 часот .
Според професорот д-р Илчо Јованов, претседателот на Собранието, Фестивалот со години ги негува изворните фолклорни традиции во Македонија.

– Фестивалот е многу значаен за земјата зашто преку него се негува изворниот македонски фолклор. Тука на овој фестивал може да се научи да се свири на народни инструменти, да се научат изворни песни – вели тој.

Дел од програмата на фестивалот е и петдневениот Семинар за изучување на македонскиот изворен мелос- изворните инструменти и песни, кој трае веќе три дена. На семинарот, кој е единствен од ваков вид, учестуваат преку 20 учесници од Русија, Србија и од Македонија.

Гостите од Русија предводени од професорот Галина Сисоева од државниот универзитет во Вороњеж, изјавија дека се одушевени од македонскиот мелос, и дека оваа традиција е многу убава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top