| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија засега надвор од должничкиот вител

Спо­ред про­пи­си­те, бан­ки со стран­ски ос­но­вач­ки ка­пи­тал мо­жат да им одо­брат кре­ди­ти на сво­и­те мај­ки-бан­ки (во слу­ча­јов во Гр­ци­ја) најм­но­гу до 10 про­цен­ти од нив­ни­от ос­но­вач­ки ка­пи­тал. Спо­ред тоа, евен­ту­ал­ни­от бан­крот на Гр­ци­ја не­ма да има поз­на­чај­но вли­ја­ние врз на­та­мош­но­то ра­бо­те­ње на „грч­ки­те“ бан­ки во РМ. Ни­ви­те средс­тва се пла­си­ра­ни, најм­но­гу, кај ма­ке­дон­ски­те еко­ном­ски суб­је­кти

Аго­ни­ја­та на еко­ном­ски­от ко­лапс на Гр­ци­ја, про­дол­жу­ва со нес­ма­лен ин­тен­зи­тет, без ин­ди­ции де­ка на­ско­ро ќе за­вр­ши, за­ка­ну­вај­ќи се со се­бе во ам­би­сот да ја пов­ле­че це­ла­та европ­ска еко­но­ми­ја. По­ли­ти­ка­та на на­те­га­ње со ко­ја Гр­ци­ја са­ка да се спа­си од фи­нан­си­ско­то про­па­ѓа­ње, но не и да на­пра­ви не­кои от­стап­ки од сво­ја­та по­ли­ти­ка на тро­ше­ње, ја пра­ви ид­ни­на­та на на­ши­от ју­жен со­сед не­из­вес­на до крај. Тоа, пак, го оста­ва отво­ре­но пра­ша­ње­то ка­ко евен­ту­ал­ни­от грч­ки бан­крот ќе се одра­зи врз европ­ска­та, но и врз ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја. Раз­мис­лу­ва­ња­та за пос­ле­ди­ци­те се раз­лич­ни, но единс­тве­но е убе­ду­ва­ње­то на на­ши­те мо­не­тар­ни вла­сти де­ка бан­кар­ски­от си­стем е ста­би­лен и от­по­рен на вли­ја­ни­е­то на грч­ка­та кри­за и де­ка па­ри­те на Ма­ке­дон­ци­те во грч­ки­те бан­ки во Ма­ке­до­ни­ја се си­гур­ни. Струч­ња­ци­те сме­та­ат де­ка мож­ни­от бан­крот на Гр­ци­ја би имал по­ве­ќе­стран и раз­ли­чен ефект.

- Вли­ја­ни­е­то на евен­ту­ал­ни­от бан­крот на Гр­ци­ја врз ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја мо­же да би­де по­ве­ќе­стра­но и со раз­лич­ни ефе­кти. Евен­ту­ал­но­то во­ве­ду­ва­ње драх­ма ме­сто евро вед­наш ќе до­ве­де до де­вал­ва­ци­ја на драх­ма­та што ќе ја зго­ле­ми кон­ку­рент­но­ста на грч­ка­та еко­но­ми­ја (ќе го по­е­вти­ни из­во­зот и ќе го по­ска­пи уво­зот). Тоа би мо­же­ло да пре­диз­ви­ка одре­де­но на­ма­лу­ва­ње на обе­мот на ма­ке­дон­ски­от из­воз во Гр­ци­ја. Во исто вре­ме, тоа би мо­же­ло да го по­е­вти­ни ту­ри­стич­ки­от пре­стој на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни во Гр­ци­ја, што би зна­че­ло тро­ше­ње по­мал­ку де­ви­зи на на­ши гра­ѓа­ни во таа зем­ја – ве­ли про­фе­со­рот То­ме Не­нов­ски.

Спо­ред Не­нов­ски, бан­ки­те со грч­ки ос­но­вач­ки ка­пи­тал (Сто­пан­ска бан­ка и Ал­фа) се за­шти­те­ни од евен­ту­ал­ни­от ко­лапс на зем­ја­та ка­де што се на­о­ѓа ба­за­та на нив­ни­те мај­ки-бан­ки.

- Сто­пан­ска бан­ка и Ал­фа бан­ка се ос­но­ва­ни спо­ред ма­ке­дон­ски за­ко­ни и под­ле­жат на пра­ви­ла­та што се од­не­су­ва­ат на си­те дру­ги бан­ки во РМ. Нив­ни­от ка­пи­тал не мо­же да се од­лее во Гр­ци­ја или ка­де би­ло на дру­го ме­сто над­вор од РМ. Сопс­тве­ни­ци­те мо­жат да го про­да­дат на бер­за сво­јот ка­пи­тал на дру­ги ин­ве­сти­то­ри, што зна­чи ка­пи­та­лот оста­ну­ва во РМ. Спо­ред про­пи­си­те, бан­ки со стран­ски ос­но­вач­ки ка­пи­тал мо­жат да им одо­брат кре­ди­ти на сво­и­те мај­ки-бан­ки (во слу­ча­јов во Гр­ци­ја) најм­но­гу до 10 про­цен­ти од нив­ни­от ос­но­вач­ки ка­пи­тал. Спо­ред тоа, евен­ту­ал­ни­от бан­крот на Гр­ци­ја не­ма да има поз­на­чај­но вли­ја­ние врз на­та­мош­но­то ра­бо­те­ње на „грч­ки­те“ бан­ки во РМ. Ни­ви­те средс­тва се пла­си­ра­ни, најм­но­гу, кај ма­ке­дон­ски­те еко­ном­ски суб­је­кти. Гра­ѓа­ни­те-ште­да­чи во тие бан­ки не тре­ба да се пла­шат за сво­и­те вло­го­ви за­тоа што тие, пре­ку кре­ди­ти, се пла­си­ра­ни во ма­ке­дон­ски фир­ми. Нај­пос­ле, вло­го­ви­те во тие бан­ки, ка­ко и во дру­ги­те бан­ки во РМ, се оси­гу­ре­ни спо­ред оси­гу­ри­тел­на­та ше­ма на Аген­ци­ја­та за оси­гу­ру­ва­ње штед­ни вло­го­ви – об­јас­ну­ва Не­нов­ски.

ekonomija147-2

Де­ка ма­ке­дон­ски­от бан­кар­ски си­стем е ста­би­лен, а бан­ки­те со грч­ки ка­пи­тал не се во опас­ност и мо­жат да ги из­др­жат пос­ле­ди­ци­те од мож­на­та кри­за во евро­зо­на­та по­твр­ду­ва и гу­вер­не­рот Ди­ми­тар Бо­гов.

- Има­ме под­го­тве­но и до­пол­ни­тел­ни пре­вен­тив­ни мер­ки. До­кол­ку се слу­чи нај­цр­но­то сце­на­рио, то­гаш ние би ги до­не­ле и тие мер­ки. Во се­кој слу­чај де­по­нен­ти­те во ма­ке­дон­ски­те бан­ки, вклу­чи­тел­но и тие во грч­ка сопс­тве­ност, не­ма зо­што да се гри­жат. Де­по­зи­ти­те се ста­бил­ни, тие се пла­си­ра­ни во ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја и за­ви­сат, пред сѐ, од ста­бил­но­ста на на­ша­та еко­но­ми­ја. Зна­чи не по­стои при­чи­на за за­гри­же­ност – уве­ру­ва гу­вер­не­рот Бо­гов.

Во ме­ѓу­вре­ме, биз­нис­ме­ни­те буд­но ги сле­дат слу­чу­ва­ња­та во Гр­ци­ја и пра­ват ана­ли­зи ка­ко да се из­бег­нат мож­ни­те штет­ни пос­ле­ди­ци врз ма­ке­дон­ско­то сто­панс­тво.

- Мож­ни­те не­са­ка­ни пос­ле­ди­ци мо­же да би­дат во де­лот на на­ма­лу­ва­ње на на­рач­ки­те пред­ви­де­ни со пот­пи­ша­ни­те до­го­во­ри со Гр­ци­ја, но за­се­га сѐ е сѐ уште не­из­вес­но, би­деј­ќи и суд­би­на­та на Гр­ци­ја не е де­фи­ни­тив­но одре­де­на – ве­лат биз­нис­ме­ни­те.

Ина­ку, по­стои и оп­ци­ја­та две­те бан­ки во зем­ја­ва што се со до­ми­нан­тен грч­ки ка­пи­тал, да се про­да­дат. Сто­пан­ска бан­ка и Ал­фа бан­ка ра­бо­тат про­фи­та­бил­но и за­ед­но др­жат по­ве­ќе од 20 про­цен­ти од средс­тва­та во бан­кар­ски­от се­ктор, но тоа не зна­чи де­ка не мо­же да се нај­дат на про­даж­ба, сме­та­ат струч­ња­ци­те. И од На­ци­о­нал­на­та бан­ка на Гр­ци­ја има нај­а­ви де­ка тоа мо­же да се слу­чи до­кол­ку би­де по­стиг­нат та­ков до­го­вор со европ­ски­те кре­ди­то­ри.

- Вла­да­та и НБРМ тре­ба да има­ат план Б. Во слу­чај Гр­ци­те да ре­шат да ја про­да­ва­ат Сто­пан­ска бан­ка вед­наш да има­ат ре­ше­ние, тоа да се на­пра­ви за еден ден за­тоа што во та­кви слу­чаи и це­на­та е ни­ска, и до­би­ваш здра­ва, про­фи­та­бил­на бан­ка за мал­ку па­ри – сме­та по­ра­неш­ни­от гу­вер­нер на НБРМ, Љу­бе Тр­пе­ски.

Ина­ку по­да­то­ци­те на НБМ по­ка­жу­ва­ат де­ка во пр­ви­те три ме­се­ци од го­ди­на­ва од Гр­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја влег­ле вкуп­но 150.000 евра ка­пи­тал. Во исти­от пер­и­од не е ре­ги­стри­ран зна­ча­ен од­лив на средс­тва кон зем­ја­та што е во се­ри­оз­на фи­нан­си­ска кри­за. Та­ков пра­вец на дви­же­ње на па­ри­те е за­бе­ле­же­на и во прет­ход­ни­те две го­ди­ни . Струч­ња­ци­те се­пак сме­та­ат де­ка На­род­на­та бан­ка тре­ба да е осо­бе­но вни­ма­тел­на и буд­но да ги сле­ди слу­чу­ва­ња­та во Гр­ци­ја и дви­же­ње­то на ка­пи­та­лот ме­ѓу две­те зем­ји, иа­ко про­то­кот на па­ри е сло­бо­ден.

Пишува: Александрија Стевковска
(Текст објавен во 147. број на неделникот „Република“, 26.06.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top