| четврток, 6 декември 2018 |

Грчките банки под карантин во регионов

Централните банки на Албанија, Бугарија, Кипар, Романија, Србија, Турција и Македонија побарале во грчките банкарски иволвирања  во овие држави да се минимизираат или  со  нулта изложеност во грчки краткорочни хартии од вредност, обврзници, кредити и депозити.

Целта е нашиот јужен сосед да биде поставен под “карантин”, за да се ограничат последиците за оние земји во случај на “несреќа” со Грција, пишува еkathimerini.com. Според изданието активностите на земјите се обид да го намалат ризикот за финансиски системи, во случај да преговорите меѓу Атина и Европската комисија не дадат резултат.

Овие барања, сепак, се чини, не се однесуваат на банките  со грчки акционери. Засега е познато дека Бугарија пезела контроли, пишува trud.bg,  “Веќе подолго време т. н. грчките банки во Бугарија немаат изложености кон Грција и грчки субјекти”, коментираа  од БНБ.

“Стремежот на сите банки со грчки акционерски капитал кои работат во Бугарија, е во максимална степен да го  ограничат негативното влијание од процесите во Грција”, изјави извршниот директор на ОББ Стилјан Втев, пред Investor.bg.

Банките со грчки капитал во Македонија се безбедни, тврди гувернерот на НБМ Богов откако медиумите објавија дека поради опасност да не успеат преговорите на Атина и странските кредитори, соседните земји на Грција ги ставаат под карантин своите филијали.

Банките со грчки капитал во Македонија се безбедни, тврди гувернерот Богов откако медиумите објавија дека поради опасност да не успеат преговорите на Атина и странските кредитори, соседните земји на Грција ги ставаат под карантин своите филијали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top