| четврток, 6 декември 2018 |

„Не“ на референдумот ќе ги рестартира преговорите со кредиторите на Грција

-

– Гласањето со „не“ на референдумот ќе ги рестартира преговорите во понеделник. Врз основа на единството на грчкиот народ и одбивањето ултиматуми, грчката влада ќе преговара со подобри услови – изјави денеска портпаролот на грчката влада, Гаврил Сакеларидис.

Тој истакна дека „грчката влада извојува тешка битка со цел пензиите да не се намалат“, додавајќи дека пет години на меморандуми доведоа до намалување на пензиите на 14 милијарди евра, што не беше доволно за кредиторите.

– Како што поминуваат деновите, сѐ повеќе и повеќе луѓе ја сфаќаат реалноста. Сѐ повеќе и повеќе не се плашат и ги затвораат ушите на невидената пропаганда, не подлегнуваат на уцени – заклучи Сакеларидис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top