Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Х.Е.(27), Г.З.(27) и двајцата од Тетово, и Л.А.(24) и Љ.А.(22) и двајцата од село Мала Речица, поради насилство, а против З.Ј.(40) од село Мала Речица за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.
На 21 мај околу 21.00 часот во во слаткарница на ул.„Љуботенска“ во Мала Речица, најпрво настанала вербална расправија, а потоа и тепачка помеѓу четворицата пријавени од една страна и петто пријавениот од друга страна, во која од остар предмет со убодни рани во пределот на грбот се здобил З.Ј., а додека Л.А. се здобил со две убодни рани во пределот на нозете.
Поради сериозноста на повредите З.Ј. бил примен во Клиничката болница Тетово каде што му била укажана лекарска помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Полицијата го бара а тој пие кафе на сред село: Нови детали за убиството во тетовско
-
Сѐ уште нејасни мотивите за убиството
-
Преживеа 22-годишниот Флорим Мисини кој беше ранет во Мала Речица: Лекарите му го спасија животот
-
Чаури, неиспукан куршум и безбол палка на местото на вчерашното пукање во Мала Речица