Вчеравечер во 23.50 часот, 15- годишен малолетник од Велес во „Младински парк“ со запалка ја запалил кората на една од засадените палми.
Малолетникот во моментот бил во друштво со уште неколку другарчиња, и според информациите, истиот од љубопитност ја запалил палмата, која подоцна е изгасната со интервенција на Територијалната противпожарна единица Велес.
Родителот на малолетникот заедно со малолетникот веднаш се повикани во просториите на Полициска станица Велес, каде е обавен разговор.
Документираниот настан ќе биде доставен до надлежното обвинителство. Со наведеното, причинета е материјална штета од 500 евра.