Експлозивна направа е пронајдена на стадионот „Рајко Митиќ“, односно седиштето на фудбалскиот клуб Црвена звезда, јавуваат српските медиуми.
Полицијата моментално го обезбедува просторот, а популарната „Маракана“ е затворена.
Црвена звезда вечерва, по пауза од една година, повторно ќе игра на европската сцена во рамките од првото коло квалификации за Лига на Европа против казахстанскиот тим Каират.
Нови детали се најавени за подоцна, а сѐ уште нема информации за одложување на мечот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.