| четврток, 6 декември 2018 |

Продава земјиште на Месечината

Денис Хоуп заработи милиони долари продавајќи земјишта на Месечината и тврди дека тоа е сосема во ред, пренесува New York Times. Тој во 1980 година Хоуп сфатил дека со одлуката на Обединетите Нации е одредено дека ниедна држава не може да биде сопственик на Месечината, не е ништо кажано за физички лица. На тој начин напишал писмо до UN во кое тврди дека тој е сопственик на Месечината и бара правна причина зошто тоа не е возможно. За целото ова време не добил одговор.

Од тој ден, денес 65 годишниот Хоуп продава земјишта на Месечината, а еден хектар земја ќе ве чини 48 долари. Ако се одлучите да купите, соседи ќе ви бидат Том Круз, Џон Траволта, Никол Кидман, Барбара Волтерс и Џорџ Буш.

Досега е продадено земјиште во вредност од 250.000 долари со тоа што група на луѓе понудиле 50 милиони долари за целиот северен пол, но морал да ја одбие понудата.

Frans von der Dunk, професот по Вселенско право на универзитет во Небраска рекол дека „сопственоста” на Хоуп е измама или неосновано тврдење. Но Хоуп е сериозен во своите намери. Кога Кина најавила градење на база на Месечината, Хоуп им напишал писмо во кое објаснува дека прво ќе мора да потпишат договор со него за земјиштето.

-Немам проблем со тоа, се додека се почитува мојата сопственост- изјавил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top