| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе биде опасно доколку Косово не го формира специјалниот суд

косово2

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека за Косово нема друг пат освен да го формира специјалниот суд за воени злосторства извршени од ОВК, оценувајќи дека поинаков исход би бил исклучително опасен за Приштина.

Тој истакна дека доколку косовското собрание го формира специјалниот суд, тоа ќе може по пет години повторно да се изјасни за тоа дали сака судот да продолжи со работа.

– Тоа значи дека косовските институции би биле тие кои би одлучувале. Во спротивно на Косово му се заканува голема опасност – додаде Мустафа.

Тој нагласи дека тврдењата за воени зосторства мораат да се испитаат и потсети дека меѓународна обврска на Приштина е да се истражат тврдењата од извештајот на специјалниот известувач на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Дик Марти, и извештајот на обвинителот Клинт Вилијемсон.

Мустафа најави дека за формирање на специјалниот суд ќе разговара со сите парламентарни групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top