| четврток, 6 декември 2018 |

Битолски театар во Нови Сад на вториот „Шекспиров фестивал“

Ансамблот на Народниот театар од Битола – настапи на вториот „Шекспиров фестивал”, кој се одржa во Нови Сад.

Битолските актери ја изведоа претставата „Отело” во режија на Диего де Бреа, драма што Шекспир ја напишал во 1604 година. Во претставата игра врвна актерска екипа, изобилува и со светлосни ефекти и со музика што не ја остава рамнодушна публиката, впрочем така беше на „Охридско лето”, „Битолски Шекспиров фестивал” и на други театарски сцени.

Фестивалот го отвори театарот од Белорусија со претставата „Кралот Лир”, а театарската програма на фестивалот ја затвори токму битолскиот театар на 28 јуни.
Во претставата играат- Борче Ѓаковски, Катерина Аневска, Марјан Ѓоргиевски, Иван Јерчиќ, Николче Пројчевски, Валентина Грамосли, Петар Горко и Илина Чоревска.
Режисерот и директор на фестивалот, Никита Миливоевиќ, годинава освен театарот од Битола, покани и театри од Иран, Белорусија, Велика Британија и домаќинот. На овој меѓународен настан, освен театарски претстави имаше работилница и проекција на филмови од Орсон Велс работени според делата на Вилијам Шекспир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top